Велешки Црвен крст додели 18 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Објавено на 26 јануари, 2024 во 13:35

Со средствата собрани на хуманитарниот штанд кој беше поставен за време на одржувањето на „Новогодишниот базар“, велешки Црвен крст денеска, поделенија 18 хуманитарни пакети со прехранбени производи на лица и семејства со ниски примања во Велес и во околните населени места.

Од велешки Црвен крст соопштија дека оваа хуманитарна помош е донација од граѓаните на Велес и испратија голема благодарност до нив што секогаш ги поддржуваат и донираат.

Во реализација на сите активности, од собирање на средства, преку набавка на производи и нивна дистрибуција биле вклучени вкупно 16 волонтери, повеќето од Клубот на млади на Црвен крст Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.