Велешки Црвен крст отвори повик за нови волонтери

Објавено на 3 јули, 2023 во 15:07

Доколку размислуваш и сакаш да станес волонтер на Црвен Крст, тогаш време е да се пријавиш и да бидеш дел од летната волонтерска програма. Доколку сакаш во своето слободно време во летниот период да го искористиш за да научиш нешто ново, пријави се на повикот за нови волонтери и стани дел од клубот на млади.

-Доколку размислуваш што да правиш со своето слободно време, ние имаме еден супер предлог за тебе! Нашата летна програма ќе ти овозможи стекнување на нови пријателства, знаења и вештини преку разни волонтерски активности, додадоа од Црвен Крст – Велес.

Сите заинтересирани можат да се пријават на инстаграм профилот на организацијата @crvenkrstveles или пак на телефонскиот број +389 43 231 537.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.