Велешки Црвен Крст со донација за жени жртви на семејно насилство
Волонтерите на велешки Црвен Крст денеска повторно донираа 10 хуманитарни пакети, овој пат за жртвите на семејно насилство сместени на повеќе локации преку Организацијата на жени.
„Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес се вклучува во кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која од 25-ти ноември започнува да се реализира“, стои во соопштението на Црвен Крст на РСМ Општинска организација Велес.
Портокаловата боја претставува симбол на оваа кампања преку која се подигнува свеста за проблемот и во истовреме целта да се намали бројот на жртви на семејно насилство.
Помошта од 10 пакети е дел од хуманитарна акција којашто се реализирала во рамки на манифестацијата „Велес трча“ по повод 9 Ноември, Ден на Општина Велес. Од оваа хуманитарна акција останати се 20 пакети и велешки Црвен Крст ќе ги додели на семејства и лица коишто живеат во социјален ризик.
Стефани Манева