Велешки Црвен крст успешно ја реализира последната крводарителска акција за 2023 година

Објавено на 19 декември, 2023 во 15:14

Последната 27-ма крводарителска акција за 2023 година на велешки Црвен крст одржана во ООУ „Блаже Конески“ се категоризира како успешна, исто како сите претходни. На денешната акција, својата рака да даруваат крв и да спасат нечиј живот ја подале вработените во училиштето како и родителите на учениците.

Од велешки Црвен крст велат дека оваа акција се организира традиционално, поточно 15 години по ред, по повод патрониот празник на училиштето.

-Акцијата помина успешно и се донираа вкупно 17 крвни едници. Тројца од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејтво во државата, додаваат од велешки Црвен крст.

За време на акцијата вклучени беа двајца волонтери од Клубот на млади.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.