Велешките акцијаши во состав на Македонската бригада на акцијата во Нови Пазар со натпреварувачки дух, работат ударнички

Објавено: 27 јули, 2026, во 10:13 часот

Пристигнаа во акцијашката населба, се сместија и веќе се на трасата на езерото „Газиводе“ кај Нови Пазар, во соседна Србија, бригадирите на ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес. Тие работат на распоредување на куповите со шљунак за трасирање на нов дел на плажата која се гради околу ова езеро кое што е познат туристички центар на општината Нови Пазар. Езерото има вкупна површина на крајбрежје од 25 километри и секоја година, во последните пет, со помош на доброволна работа и учество на бригадири акцијашки преку организирана акција се градат нови и нови плажи.

-Работиме на подготовка на плажата преку постилање на шљунакот, кој што ќе послужи како основа за постилање на песокот. Површината што е планирана да биде корисна е широка помеѓу 200 и 300 метри на крајбрежјето на езерото „Газиводе“. Првиот работен ден помина извонредно добро. Мотивирани сме да бидеме најдобри и да го истампонираме стручно и квалитетно шљунакот. Максимално се трудиме да бидеме најдобри. Условите за работа се одлични. Штабот на ОРА „Нови Пазар“ е максимално посветен и создава одлична работна атмосвера, рече Горан Петков кој ги предводи петмината акцијаши – бригадири на ЗГ „Велешки акцијаши“.

Македонската бригада, на оваа засега единствена работна акција на поранешните простори на  Југославија, ја сочинуваат по неколкумина искусни акцијаши ветерани наспроти бројот на млади бригадири поддржувачи од градовите Велес, Скопје, Штип, Куманово и Крива Паланка. Поточно само 20 се поранешни акцијаши а сега ветерани додека 40 се млади кои се следбеници на овој познат и признат дух на работа преку доброволно ангажирање или волонтерство.

Македонските акцијаши заедно со бригадирите домаќини од Србија, Босна и Херцеговина и Турција годинава на ОРА „Нови Пазар“ продолжуваат да градат нов дел на плажи на езерото „Газиводе“ кое освен туристички потенцијал е препознатливо и по спортскиот комплекс а е и омилено место за рибарски натпревари, како домаѓни така и со мешународен карактер, во соседна Србија. Акцијата трае седум дена и освен од Општина Нови Пазар поддржана е и од државата Србија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.