Вевченец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволената на авотпат Неготино – Градско, бегал ама завршил во Полициска станица

Објавено: 3 мај, 2026, во 11:05 часот

„Брзиот“ возач е Р.Ј(41) од Вевчени кој што вчера доцна попладне, во 18:00 часот бил лишен од слобода затоа што полицискиот радар го фатил како вози 211 км/час на место на автопатот Неготино  – Градско каде што е дозволено најголема брзина од 120 км/час.

-Р.Ј.(41) од Вевчани, при контрола со радар на автопатот Неготино – Градско, полициските службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со вевчански регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 120 километри на час, но тој не запрел на даден знак и продолжил да се движи со возилото. По преземени мерки возилото и возачот биле пронајдени, а по насоки од јавен обвинител Р.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.