(Видео и фото) Д-р Арсовски: “Ќе се зголеми бројот на здравствен персонал во сите специјалности,велешка Општа болница ќе добие нова хирушка сала со централен довод на кислород, климатизација и вентилација
За соочувањето со предизвиците како што беа епидемиите на морбили и Ковид 19 како и актуелната против голема кашлица денеска посвети дел од обраќањето пред колегите директорот на велешка Општа Болница. На свеченоста по повод 7 Април, светскиот ден на здравството, д-р Зоран Арсовски потенцираше дека и покрај комплетната посветеност на здравствените работници како и добиените битките со овие инфективни заболувања, исто така, здравствената институцијата посветила внимание на унапредување на квалитетот на работењето.
-Инвестиравме во подобрување на инфраструктурата. Добивме нов апарат за Анестезија, Фиберендоскоп, набавен е видео Колоноскоп, ултра звучен колор Доплер за радиолошки прегледи, колор Доплер за гинекологија, Респиратор во Интезивна нега, батериски Борер за Оддел за ортопедија, по напреден апарат за Компјутерска томографија, комплетна дигитализација на Одделот за Радиологија со 24 часовна покриеност од страна на 11 доктори од Универзитетска Клиника за хирушки болести. Од минатата година формиран е Кабинет за дојка. Од 1 април Одделот за Радиологија започна со скрининг на дојка кај здрави жени. Воведена е нова метода на Оддел за ортопедија и успешно се изведуваат ендопротетски опрерации. Од 3 април отворена е нова Ургентна единица со згрижување на сите пациенти, на едно место, од Интерно, Хирургија и Неврологија. Од денеска можеме да се пофалиме дека на Оддел за уво,нос и грло започнаа да даваат здравствени услуги тројца специјалисти на Клинички центар од Штип и во постапка е набавка на нов Стерилизатор, рече д-р Арсовски.
Директорот додаде дека во последните неколку години во болницата вработени биле 63 здравствени работници на неопределено време со што се унапредиле условите за третман на пациентите. При тоа го спомна и ново отворениот Кабинет за ЕХО на Детското одделение како и ангажирањето на проф. д-р Велибор Тасиќ во консултативните прегледи од медицинската гранка Нефрологија.
-Ние сме свесни за нашите слабости. Недостиг на лекари и здравствен персонал како сестри и административни работници. Во блиска иднина ќе работиме на унапредување на квалитетот на давање на здравствени услуги како и на унапредување на квалитетот и подобрување на условите за работа на здравствените работници. Ќе го зголемиме бројот на здравствен персонал со специјалисти од сите области, медицински сестри и севкупен медицински персонал. Ќе обезбедиме нов простор за централна стерилизација во кој ќе биде сместен новиот апарат за стерилизација и ќе обезбедиме централна климатизација, вентилација како и централен довод на кислород во хирушки сали, нивно реновирање и изградба на нова хирушка сала, додаде д-р Арсовски.
На свеченоста велешката Општа болница јавно им се заблагодари на сите пензионирани здравствени работници во изминатата година и додели благодарници на крводарителите.
Убавка Јаневска