(Видео и фото) Иницијатива „Од дете за дете“ на средношколците во велешкиот интернат за учениците во ОУРЦ „Маца Овчарова“

Слатка средба денес имаа дел од учениците кои учат во смерот угостителство на ССОУ „Коле Неделковски“ кои се сместени во средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“ и учениците од ОУРЦ „Маца Овчарова“ во Велес. Средношколците во кујната на интернатот во Велес подготвија разновидни суви колачи коишто денеска завршија пред учениците од ОУРЦ „Маца Овчарова“.

Глетката беше неверојатно убава, особено кога на колачите им се насладуваа тие за коишто беа наменети. За изненадувањето дечињата ги наградија со аплауз идните готвачи. Дружбата траеше околу еден час.

Директорот на ОУД „Лазар Лазаревски“, Марјанчо Јорданов вели дека ова е акција иницирана од средношколците кои ги користат услугите на интернатот. Потребните производи ги донира интернатот и изненадувањето било во пресрет на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Јорданов вели дека постои голема иницијативност помеѓу учениците коишто ги користат интернатските услуги на домот во Велес коишто во наредниот период ќе бидат реализирани.
Стефани Манева
фото:







