(Видео и фото) На Велес му е доволна една мерна станица за мерење на квалитет на воздухот, градот не е помеѓу четирите во кои државата со европски пари ќе спроведува мерки за намалување на загадувањето

Објавено на 21 ноември, 2023 во 11:32

Поставениот државен Мониторинг системот за мерење на квалитетот на воздухот во државата според којшто во Велес се мери присуството на честички кои го дефинираат загадувањето со една мерна станица, во населба Тунел, бил апсолутно доволен за да даде индикативни податоци кои Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно ги обработува и дава слика на дневното загадување на ниво на држава, рече министерката Каја Шукова.

Одговарајќи на новинарско прашање на Дума.мк зошто не е ставена во функција и втората мерна станица во комплекс „УЗУС“ со цел да даде податоци дали и колкаво е загадувањето на воздухот во Велес со тешки метали од топилничарската депонија со троска и од празните погони на поранешна Топилница, Шукова, рече дека тоа не било потребно. Министерката смета дека валидирани мерни станици можат да постават и општините доколку ги сметаат за потреба додека  за државата од приоритетна важност било спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето.

Шукова ја соопшти реализацијата на европскиот проект, вреден 10 милиони евра, како дел од планот на Владата за замена на нееколошки со еколошки системи за затоплување. Велес не е помеѓу четирите градови којшто се опфатени со проектот.

Сепак Шукова потенцира дека државата им помага на сите општини преку замена на постоечките со еколошки системи за греење пред се во јавните локални институции.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License