(Видео) СВР Велес со напредок во однос на откривачката ефикасност на полицијата со над 56%  

Објавено на 15 декември, 2023 во 14:13

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Кавадарци, во седиштето на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, заедно со дел од раководството на МВР, оствари средба со раководствата на Секторите за внатрешни работи Велес и Струмица.

Спасовски истакна дека СВР Велес има напредок годинава во однос на откривачката ефиканост на полицијата и сподели податоци од работата на оваа организациона единица.

„СВР Велес, чии резултати имавме можност да ги слушнеме на средбата, има напредок годинава, особено во однос на постигнатата вкупна откривачка ефикасност, која изнесува над 56%, со зголемување од 10%, споредбено со лани, а во делот на тешките кражби, бележи намалување на овој вид пријавени кривични дела за 39%. Во делот на недозволената трговија со дрога и оружје во текот овие 11 месеци, СВР Велес поднесе кривични пријави за 63 кривични дела против 73 сторители. Овој Сектор бележи зголемување од 28% и на поднесените кривични пријави во областа на организираниот криминал, додека евидентирано е намалување на прекршоците во врска со јавниот ред и мир за 15,7%. Од страна на СВР Велес заклучно со месец ноември 2023 година реализирани се вкупно 953 превентивни активности во сите области, што претставува зголемување за 43,9% проценти”, истакна Спасовски.

Овие средби се традиционални се одржуваат кон крајот на секоја тековна година, со цел сумирање на резултатие од сработеното но и преглед за да се утврдат приоритетите за идната година.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.