(Видеои фото) Ангелов: Избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“, спречена експлозија на над 80 тони гас
Објавено на 19 јули, 2024 во 13:11
Вчерашниот пожар кој избувна во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“ бил изгаснат на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, информира Стојанче Ангелов директор на ЦУК. Како што вели во видео изјава благодарение на брзата и пожртвуваната реакција на храбрите велешки пожарникари кои успеале навремено да го изгаснат пожарот била избегната голема трагедија.
Била повикана и воздушната поддршка за гаснење на пожарот, но велешките пожарникари успеале да воспостават контрола и да го изгаснат пожарот пред нивното пристигнување.
Деталите слушнете ги во видео изјавата на Ангелов.
Како што додава Ангелов, МВР е на терен и се истражува кој го подметнал опасниот пожар.
Дума.мк