(Видеои фото) Ангелов: Избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“, спречена експлозија на над 80 тони гас

Објавено на 19 јули, 2024 во 13:11

Вчерашниот пожар кој избувна во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“ бил изгаснат на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, информира Стојанче Ангелов директор на ЦУК. Како што вели во видео изјава благодарение на брзата и пожртвуваната реакција на храбрите велешки пожарникари кои успеале навремено да го изгаснат пожарот била избегната голема трагедија.

Фото ЦУК: Командирот на ТППЕ Велес Димче Јованов пред цистерните со плин во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“

Била повикана и воздушната поддршка за гаснење на пожарот, но велешките пожарникари успеале да воспостават контрола и да го изгаснат пожарот пред нивното пристигнување.

Фото: ЦУК

Деталите слушнете ги во видео изјавата на Ангелов.

Како што додава Ангелов, МВР е на терен и се истражува кој го подметнал опасниот пожар.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.