Во центарот на Велес се реконструира канализациска мрежа
Се менуваат канализациски цевки на улица „Гоце Делчев“ , под зградата на Основен суд Велес. Реконструкцијата се работи дел по дел за да не се создаваат проблеми во одвивањето на сообраќајот. Штом се заврши со првиот раскопан дел, покрај тротоарот, реконструкцијата ќе продолжи до крајот на оваа улица за потоа да продолжи по улицата „Страшо Пинџур“ во правец кон плоштад „С`рмаале“ . Со оваа реконструкција ќе биде опфатена и улицата „Илинденска“. Градежните работи ги реализира фирмата „Делта пром“.
На овие улици се променува канализациската додека на уште седум други во градот се реконструираат водоводни цевки. Сите се дел од годишната програма за работа на Општина Велес и се приоритетни поради појава на чести дефекти.
За сите седум реконструкци општината обезбеди вкупен буџет во висина на 40 милиони денари од Министерството за транспорт и врски преку проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ што го финансира Европска Инвестициона банка.
Според општината реконструкциите треба да завршат до 25 декември, годинава.
Убавка Јаневска