Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 42 ковид пациенти, 18 на кислородна поддршка
Објавено на 29 октомври, 2021 во 13:39
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 42 ковид пациенти, од нив 33 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Примени се четворица пациенти од кои еден пациент на Инфективно одделение и тројца пациенти се преместени во Модуларна болница од Интерно одделение, соопшти портпаролката на велешка болница, Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 18 ковид пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 20 пациенти, на Интерно одделение четворица и во Модуларна болница 18 ковид пациенти.
Во текот на денот испишани се осум пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева