Во Кавадарци се одржуваат настани за предизвиците на лицата со попречености

Објавено: 14 јули, 2025, во 15:58 часот

Во Кавадарци денес се одржа деветти настан  Едукативна Сесија  за „Опфат и Третман  на лицата со попреченост“ . Присустните медицински лица претставници на Општа болница Кавадарци презентираа свои искуства и препораки базирани на лична медицинска пракса.


„Во рамки на овој проект, се одржаа три циклуси на тркалзни маси. Во првиот циклус учествуваа лицата со попречености наспроти здравствените работници и Законот за здравствена заштита, во вториот лицата со попречености наспроти здравствените работници и Законот за социјална заштита и во третиот циклус се едукативните сесии за подготовка на Протокол за офат и третман на лицата со попречености  со идеи и препораки за подобрување на здравствениот третман и подршка  на овие лица, како алатка за подобра системска здравстена подршка и темел за поинклузивен и попристапен здравствен систем во насока на подобар квалитет на животот на лицата со попреченост, “ рече Роберто Паризов претседател на  граѓанската организација „Еко живот“ од Кавадарци.

Сите сесии  се дел од активности на проектот „ Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата “, финасиран од Влада на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.