Во недела крводарителска акција на Велешки Црвен крст и ЗГ „Велес Бајкинг“
Објавено на 28 ноември, 2023 во 12:21
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/Untitled-design-9-1.png)
Сите заинтересирани граѓани од Велес но и околните населени места, коишто редовно или за прв пат сакаат да даруваат крв, тоа можат да го направат на крводарителската акција организирана од страна на велешки Црвен крст и здружението на граѓани „Велес Бајкинг“.
-Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје и да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, соопштија од велешки Црвен крст.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/406029809_737622071726196_2322606423937190225_n-703x1024.jpg)
Крводарителската акција ќе се одржи оваа недела, на трети декември, во просториите на театар „Ј.Х.К Џинот“ во Велес и ќе трае пет часа, поточно од 10:00 до 15:00 часот.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)