Во Општа болница Велес хоспитализирани се 16 пациенти
Објавено на 24 мај, 2021 во 20:35
Од нив само седум пациенти се позитивни на корона вирусот, двајца се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се шест пациенти, соопшти потпаролката д-р Еленора Јованова.
На Инфективно одделение и Интерно одделение се лекуваат по шест ковид пациенти и во Модуларна болница четворица пациенти.
Стефани Манева