Во Општа болница Велес се лекуваат 47 ковид пациенти

Објавено на 4 ноември, 2021 во 12:47

Вкупно 47 ковид пациенти се лекуваат во велешката болница од нив 30 се потврдени позитивни на Ковид-19, четворица се сомнителни и тринаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На континуирана кислородна поддршка се 29 пациенти, од нив на Инфетивно одделение 16, на Интерно одделение тројца и во Модуларна болница тројца пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 26, на Интерно одделение тројца и во Модуларна болница 13 ковид пациенти.

Во текот на денот примени се шест пациенти во велешка болница, двајца во Модуларна болница и четворица на Инфективно одделение.

Од болничко лекување испишани се двајца пациенти како оздравени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.