Во сообраќајка кај „Дисанска река“ повредени две лица, задржани во велешка болница

Објавено на 15 ноември, 2023 во 12:00

Вчера попладне, околу 16:30 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Дисанска река“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „опел“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Ц.(64) од село Тремник, неготинско и трактор со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(71) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ц.(56) од село Тремник, сопатничка во патничкото возило „опел“ и возачот на тракторот, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.