Во сообраќајна незгода кај патарина Градско повредена 45 годишна Србинка
Објавено на 24 јули, 2024 во 13:49
Во сообраќајна незгода којашто се случила вчера, на 23 јули, во 06:50 часот кај патарина Градско повредена била 45 годишна жена од Република Србија. Таа се здобила со повреда на граден кош и била згрижена на лице место од страна на лекар на Итна медицинска помош по што била транспортирана во Општа болница Велес на доиследување, информира др Васе Панова Поп Стефанова началничка на Итна помош.
Портпаролката на Општа болница Велес, Марина Андова, соопшти дека 45 годишната Т.К од Јагодина била примена во велешка болница и упатена на радиодијагностика на граден кош кадешто не и се констатирани скршеници туку само нагмечувања.
Пациентката по укажаната лекарска помош била пуштена од ЈЗУ Општа болница Велес.
Стефани Манева