Во сообраќајна незгода тешко повредена девојка од Градско
Објавено на 19 август, 2022 во 12:16

Осумнаесет годишната Р.С.Р од Градско, вчера во 21:45 часот, на улица „Страшо Пинџур“ управувајќи патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки излетала од коловозот и удрила во бандера.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.С.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Стефани Манева
