Во Велес ќе се одржи хуманитарен поетски настан „Од срце за Мартин“
Дваесет книги од различни автори до сега се донирани за хуманитарниот поетски настан „Од срце за Мартин“ којшто ќе се одржи во Книжарница – кафе „Збор“. Овие книги ќе може да ги купи секој заинтересиран граѓанин и истите ќе бидат изложени за време на целиот настан и нивната цена ќе биде иста, поточно симболични 250 денари. Организаторката на настанот Вероника Саздовска за Дума.мк сподели дека до сега се пријавени и 10 роднокрајни но и автори од други градови коишто ќе читаат од своите дела.
-Упатуваме апел до сите заинтересирани поети и писатели коишто сакаат да земат учество на настанот, да донираат книга или да читаат од своите дела, да не исконтактираат. Овој настан го организираме заедно со Сандра Коцевска за нашиот мал сограѓанин Мартин на којшто во моментов сме му најпотребни. Незимерно им се заблагодаруваме на сите автори коишто до сега се приклучија на овој хуманитарен поетски настан и секако до Книжарница-кафе “Збор” коишто веднаш ја прифатија нашата идеа и ни се приклучија, додаде Саздовска.
Хуманитарниот поетски настан ќе се одржи на 24 јуни, годинава, со почеток во 19:30 часот.
Исто така, Издавачка куќа Збор, ќе донира 10% од продажбата на изданијата на Збор, што ќе се продадат до вторник, 18 јуни во книжарниците и онлајн.
Мартин Талевски е роден на 8 ноември, 2019 година, и на 4 годишна возраст му е дијагностициран екстремно реток тип на разорен тумот, Аневризматска Коскена Циста на прв вратен пршлен Ц1. Потребно е итно да се почне со лекување на истиот и да се направат од 3 до 6 интервенции – склерозации на цистата, на интервали од два до три месеци, во болницата Nationwide Children’s Hospital во Columbus Ohio во Соединети Американски Држави.
Цената за 3 интервенции е 52.500,00 УСД. Овие интервенции се единствена шанса да се зачува заболениот пршлен на Мартин кој е во опасност од сронување или кршење. Семејството отпочна хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето и патувањето на Мартин Талевски во Америка.
Да ја покажеме хуманоста и заедно да му подадеме рака на Мартин.
Сметка за донации:
Христина Талевски
270-700004294818
Hristina Talevski
Blagoj Gjorev 87/2-19 Veles
IBAN Code: MK07270700031093008
HALK Banka AD Skopje
SWIFТ: EXPCMK22
Како и на броевите:
А1 – 143 502
Телеком – 143 138
Стефани Манева