Во велешка болница нема хоспитализирано ковид пациенти
Објавено на 26 мај, 2022 во 13:01
Во ЈЗУ Општа болница Велес нема пациенти коишто се на болничко лекување и се позитивни на коронавирусот. Пред една недела беа хоспитализирани девет пациенти но со негативен тест.
Портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека во моментов во болница нема ни позитивни ниту негативни ковид пациенти.
-Во ЈЗУ Општа болница Велес слободни се 47 болнички кревети, соопшти Ќулумова.
Од почетокот на пандемијата со Ковид -19 во Велес се заразиле 9787 лица а во моментов активни се четири лица.
Стефани Манева