Во велешка болница нема хоспитализирано ковид пациенти

Објавено на 26 мај, 2022 во 13:01

Во ЈЗУ Општа болница Велес нема пациенти коишто се на болничко лекување и се позитивни на коронавирусот. Пред една недела беа хоспитализирани девет пациенти но со негативен тест.

Портпаролката на велешка болница  д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека во моментов во болница нема ни позитивни ниту негативни ковид пациенти.

-Во ЈЗУ Општа болница Велес слободни се 47 болнички кревети, соопшти Ќулумова.

Од почетокот на пандемијата со Ковид -19 во Велес се заразиле 9787 лица а во моментов активни се четири лица.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.