Во велешка болница се лекуваат девет ковид пациенти
Објавено на 19 мај, 2022 во 14:07
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани девет ковид пациенти од кои еден пациент е сомнителен и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца негативни пациенти и на Интерно одделение седум од кои еден е сомнителен, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка е еден пациенти.
Во велешка болница има 48 слободни болнички кревети.
Стефани Манева