Возач од Кавадарци удрил во полициско возило, па во полициски службеници и побегнал
Објавено: 21 декември, 2025, во 15:39 часот
„Ноќва, во 01:30 часот, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, било пријавено дека на крстосницата од улица „Браќа Џунови“ со улица “Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци, Д.А.(45) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „фолксваген туран“ со кавадаречки регистарски ознаки, при обид да биде сопрен од полициски службеници кои извршувале службени задачи, најпрвин удрил во полициско возило „пасат“ а потоа и во полициски службеник, по што се дал во бегство. Подоцна, возилото било пронајдено, за настанот известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк


