За измрзнатите земјоделски култури пријавување на надомест на штета во Општина Градско

Објавено на 5 мај, 2022 во 15:22

Мразот од ниските температури што предизвика штети на крајот од зимата, поточно во средината на месец март и 30 дена подоцна, во средината на месец април е причина за финансиска помош којашто владата ќе им ја додели на земјоделците. Тие треба да подигнат формулари од зградата на Општина Градско и да ги пополнат. Дополнително ќе биде потребно да се достават копија од лична карта, изјава за веродостојност на податоци, изјава за согласност за користење на лични податоци, трансакциска сметка како и доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( Решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Имотен лист, договор за закуп, заврени на нотар.

Јавниот повик општинава веќе го објави и тој може да се прочита на следниот линк.

Рокот на пијавувањето на штетите е во времетрање од петти мај до 13 мај, годинава, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. За дополнителни информации општината на земјоделците им го стави на располагање претседателот на комисијата за штети Димче Колев којшто можат да го добијат на на телефонскиот број 075 – 970 – 968.

Со цел да ги мотивира земјоделците, Општина Градско, им дава можност да го посетат Меѓународениот саем за земјоделство, којшто се одржува на 21 и 22 мај годинава, во Нови Сад, Република Србија.

Општината го финансира патувањето и влезниците во саемот додека на земјоделците им останува да го подмират трошокот за сместување. Целта на оваа финансиска поддршка на општината е им овозможи на земјоделсите производители да видат нови технологии и да применат нови начини на одгледување на земјоделските производи коишто ќе им овозможат поголеми приноси на земјоделските култури што ги одгледуваат.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.