За пет часа дарувани 66 крвни единици во Велес

Објавено на 16 јануари, 2022 во 16:39
Фото: Прва крводарителска акција годинава во Велес

Шеесет и шест крводарители, денеска, во Велес даруваа крв на првата акција годинава што Општинската организација на Црвен Крст Велес ја организираше со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Тројца од нив за прв пат. Во акцијата се вклучија и крводарители од населените места во општината.

-Задоволни сме затоашто сите граѓани поточно крводарители придонесоа за здравјето на пациентите насекаде во државата. Во реализацијата на првата годинешна крводарителска акција учествуваа 12 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација на Црвен крст,рече секретарот на велешки Црвен Крст Орце Николовски.

Крводарителската акција се одржа во Ликовниот салон и траеше само пет часа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.