Загина младо момче во тешка сообраќајна несреќа на локален пат во Градско
Објавено: 28 август, 2025, во 12:58 часот
Тешката сообраќајна несреќа се случила ноќеска, десет минути по полноќ, на локален пат село Горно Чичево – село. Долно Чичево, во општина Градско, кога патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од село Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес. Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Убавка Јаневска


