Запалена кола во кругот на АМСМ во Велес

Објавено на 24 ноември, 2023 во 12:53

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, утрото во 06:30 часот, било пријавено дека во кругот на Автомото сојуз во Велес настанал пожар во патничко возило „рено меган“ во сопственост на шеесет и шест годишниот велешанец В.К .

-Возилото со велешки регистарски ознаки на 20 ноември било донесено во кругот на АМСМ со нивно шлеп возило. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијана противпожарна единица од Велес и нема повредени лица, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.