Започна вакцинацијата против сезонски грип во Центар за јавно здравје Велес со подрачните единици

Објавено: 21 октомври, 2026, во 14:30 часот

Во Центар за јавно здравје Велес како регионален со четири подрачни единици во централниот регион на државата започна сo вакцинација против сезонски грип. Епидемиологот др Бојан Тодоровски вели дека во вчерашниот ден примена е првата количина на дози на вакцини. Министерството за здравство ги испратило и листите на пријавени граѓани од сајтот vakcinacija.mk.

-Во Центар за јавно здравје Велес доставени се 3.200 дози на вакцини и тие се распределени до подрачните единици Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Гевгелија. Вакцинацијата е бесплатна. Најголем број од пријавените лица се на воздраст од над 65 години и лица кои имаат хронични заболувања, додаде д-р Тодоров.

Со бесплатната вакцинација против сезонски грип опфатени се возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.