Затворена за сообраќај делницата Велес-Градско
Авто мото сојуз на Македонија информира дека поради изведување на градежни активности, поточно асфалтирање, регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, од 30 мај до 3 јуни годинава, во период од 08:00 до 16:00 часот ќе биде целосно затворен за сообраќај.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк