Атлетичарот Димитриевски трет на 15 -то Армиско првенство во крос кантри трчање и прв од цивилите

Објавено на 15 ноември, 2023 во 17:24

На 15 то јубилејно Армиско првенство во крос кантри трчање на 8 000 метри за мажи, атлетичарот од Велес, Роберто Димитриевски го освои третото место. Тој на целта стигна за 21:36 минути и е прв од цивилните атлетичари, учесници во трката.

Традиционална трка, којашто  се одржа на Хиподром кај Скопје, има за цел да го популаризира крос кантри трчањето во Македонија. Трката овозможува заедничко натпреварување на  атлетичари – претставници на Армијата и атлетичари на атлетски клубови во земјава како и дружење преку спортот.

„Пресреќен сум за овој мој голем постигнат успех. Особено победа којашто е постигната  на јубилејното 15 Армиско првенство во крос кантри трчање.  На ова првенство за прв пат учествувам и  се натпреварував  со најдобрите атлетичари во земјава како и со најдобрите од редовите на македонската Армија. Среќен сум што сум еден од најдобрите меѓу нив и што го освоив третото место во генерален пласман. Конкуренцијата беше многу силна, рече Димитриевски за Дума.мк .

Прв во севкупен пласман  е Милош Ранчиќ од VP 2990 со време 20:27 минути и втор Жан Тосев  со време 20:36 минути од VP 3562.

Организаторот, Генерал Штаб на АРМ, на наградените им додели дипломи и медали. Покровител на  традиционалната трка е  Министерството за одбрана.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.