Атлетичарот Роберто Димитриевски трет на првта „Промили Трка“ во Неготино

Објавено: 25 мај, 2026, во 16:35 часот

Велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски член на АК „Велес“ го освои третото место на 5 километри на првата „Промили Трка“ што се одржа низ улиците на Неготино и на којашто на 5 и 10 километри трчаа 330 врвни атлетичари од Македонија како и рекреативци.

Роберто е среќен за победата, за освоениот пехар и оценува дека била одлично органиизрана како и со силна конкуренција.

-Ми се допадна „Промили трката“ во Неготино, имаше одлична организзација на ниво на една од најдобрите во Македонија. Му благодарам на организаторот Александар Митревски кој ме покани на трката во која имаше повеќе врвни македонски атлетичари, потенцира Димитриевски.

 Наградите на сите победници им ги врачи градоначалничката на Неготино Марија Нацева, која им честита на победниците и им се заблагодари на сите за учеството.

Организатор на трката е Александар Митревски и Здружение за зајакнување на заедницата од неготинското село Тимјаник. Трката финансиски ја подджаа Општина Неготино и бројни спонзори.

Александар Митревски за Дума.мк им се забалагодари на Роберто Димитриевски и на сите врвни арлетичари од земјава за поддршката и придонесот за успешно реализираната атлетска трка. Тој воедно се заблагодари и на Општината Неготино и градоначалничката Марија Нацева за финансиската поддршка. Градоначалничката Нацева лично им честита на наградените и ги поздрави сите учесници и гости на спортската манифестација која што овој викенд го раздвижи Неготино..

Воено, Митревски најави дека догодина „Промили“ атлетската трка освен на 5 и 10 километри ќе има и Детска трка затоа штокако што потенцира  децата се нашата иднина и треба да спортуваат и да се натпреваруваат.

На трката на 5 километри прв на целтта стигна Мухахид Мислими од АК „Ускана“,  втор Григоријан Никовски од АК „Олимп“ а трет беше Роберто Димитриевски од АК „ВЕЛЕС“.

Каj жените на 5 километри прва на целта пристигна Адријана Поп Арсова Расикј од АК „Олимп“, втора Душица Јанковиќ а трета 12 годишната Ана Бегова  најмладата македонска надежна атлетичарка  член  АК „7 ми Ноември“ од Гевгелија.

На 10 киломтри кај жените прва беше Билјана Кираџиева од АК „Кираџиев Трениниг систем“, втора Благица Јованова, а трета Снежана Димовска.

Кај мажите на 10 километри прв беше Жан Тосев од АК „Струмица, втор Александар Арсов  од „Скопски маратон“ а трет беше Алберт Абази од АК „Ускана“.

Воедно организаторот додели и награди за најдобрите атлетичари од Неготино како и награди според старосна граница и најмлади учесници и поддржувачи на трката.

А.Д.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.