(Фото) На светскиот куп во спуст, кајак и кану, викендов во Велес шампион екипата на Италија
Над двеста учесници од 17 држави се натпреваруваа на Светскиот куп во спуст, кајак и кану, којшто изминатиот викенд за прв пат се одржа во Велес. Кајакари и кајакарки се натпреваруваа во шест дисциплини.
Екипата на Италија освои четири од вкупно шест златни медали. Извонредни резултати покажаа и кајакарите од Велика Британија, од Швајцарија, од Србија, од Франција,од Чешка, од Словенија а имаше и домаќини, од Македонија коишто се пласираа во финалните трки и освоија од четврто до петнаесетто место.
Меѓу најзабележливите резултати на македонските репрезентативци кануисти е постигнатиот на кајакарот Енис Небиовски кој во финалето го освои 8 место. Учество во финалната трка обезбеди и македонскиот кајакар Кристијан Лазаров и го освои 15 место додека како финалисти учествуваше и машкиот кану двоец, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров освојувајќи го четвртото место.
Организатор на купот што се одржа во Велес беше Меѓународната кајакарска федерација.
Убавка Јаневска
Фото галерија превземена од сајт на Општина Велес