(Фото) На светскиот куп во спуст, кајак и кану, викендов во Велес шампион екипата на Италија

Објавено на 18 јуни, 2024 во 14:27

Над двеста учесници од 17 држави се натпреваруваа на Светскиот куп во спуст, кајак и кану, којшто изминатиот викенд за прв пат се одржа во Велес. Кајакари и кајакарки се натпреваруваа во шест дисциплини.

Екипата на Италија освои четири од вкупно шест златни медали. Извонредни резултати покажаа и кајакарите од Велика Британија, од Швајцарија, од Србија, од Франција,од Чешка, од Словенија а имаше и домаќини, од Македонија коишто се пласираа во финалните трки и освоија од четврто до петнаесетто место.

Меѓу најзабележливите резултати на македонските репрезентативци кануисти е постигнатиот на  кајакарот Енис Небиовски кој во финалето го освои 8 место. Учество во финалната трка обезбеди и македонскиот кајакар Кристијан Лазаров и го освои 15 место додека како финалисти учествуваше и машкиот кану двоец, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров освојувајќи го четвртото место.

Организатор на купот што се одржа во Велес беше Меѓународната кајакарска федерација.

Убавка Јаневска

Фото галерија превземена од сајт на Општина Велес

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.