Фуриозен старт на велешки „Кеги мобил“
Објавено на 30 октомври, 2021 во 20:54
Започна првенството на втората Футсал лига на Македонија. Во првото коло велешкиот состав, како домаќин во спортска сала „Гемиџии“, до врв ја наполни мрежата на екипата од Пробиштип. Резултатот на натпреварот помеѓу „Кеги мобил“ и „Црешовото топче” е 15 : 0.
Самиот резултат покажува за соодносот на силите на теренот. Дума.мк изјава за натпреварот доби од Сашко Паунов спортски директор на клубот.
-Тимот од Пробиштип не е така лош состав, но во моментов сме пресилни за нив. Располагаме со силен тим составен од проверени прволигашки играчи. Ќе атакуваме на првото место и пласман во првата лига, рече Паунов.
Лазар Лазаровски