ГОК „Борец“ изгуби од скопски „Вардар“ на домашен терен
Во натпревар од третото коло на плејофот од разигрувањето за титулата државен првак, „Борец“ на домашен терен претрпе пораз со максимален резултат 0:3.
За поразот најголема вина имаат домашните играчи кои одиграа слабо.
Во првиот сет велешани имаа предност од 24:19 а го изгубја со резултат 24:26. Во вториот како да беа во шок и лесно му се предадоа на проивникот со 17:25. Во третиот сет кога се очекуваше да се проба да се направи пресврт, се направија голем број на грешки што поразот беше неминовен.
Не функционираше сервисот, приемот беше лош а играта во поле непрепознатлива.
Се виде дека недостасуваат украинските одбојкари Волков и Азаров кои го напуштија „Борец“ и веќе настапуваат во други држави каде добија примамливи финансиски понуди. Недостатокот на либеро беше евидентен. Ветеранот Дарко Николов смогна сили и настапи повреден но не можеше да одговори на предизвикот заради повредата и покрај големата желба да помогне.
Лазар Лазаровски