ГОК „Борец“ изгуби од скопски „Вардар“ на домашен терен

Објавено на 6 март, 2022 во 10:44
Фото: Дума.мк

Во натпревар од третото коло на плејофот од разигрувањето за титулата државен првак, „Борец“ на домашен терен претрпе пораз со максимален резултат  0:3.

 За поразот најголема вина имаат домашните  играчи кои одиграа слабо.

Во првиот сет велешани имаа предност од 24:19 а го изгубја со резултат 24:26. Во вториот како да беа во шок и лесно му се предадоа на проивникот со 17:25. Во третиот сет кога се очекуваше да се проба да се направи пресврт, се направија голем број на грешки што поразот беше неминовен.

Не функционираше сервисот, приемот беше лош а играта во поле непрепознатлива.

Се виде дека недостасуваат украинските одбојкари Волков и Азаров кои го напуштија „Борец“ и веќе настапуваат во други држави каде добија примамливи финансиски понуди. Недостатокот на либеро беше евидентен. Ветеранот Дарко Николов смогна сили и настапи повреден но не можеше да одговори на предизвикот заради повредата и покрај големата желба да помогне.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.