Игор Тодоровски нов тренер на ГРК „Борец“
Објавено на 10 август, 2021 во 12:24
Ракометарите на „Борец“ ги започнаа подготовките за предстојната сезона на првата ракометна лига. Првиот собир вообичаено се одржа во спортската сала Гемиџии.
За прв тренер е именуван Игор Тодоровски поранешен ракометар на „Борец“. Познат како голем работник кој верува во иднината на „Борец“ беше краток во изјавата.
-Располагаме со најмлад состав во лигата. Играчите имаат голем потенцијал и иднината е пред нив. Подготовките ке ги обавиме во Велес во сала а ќе го користиме и градскиот парк барем додека времето е претопло, додаде Тодоровски.
Според најавите првенството треба да започне на 18 септември.
Лазар Лазаревски