Инцидент во сала „Гемиџии“, повреден полицаец и одбојкар на ОК„Шкендија“

Објавено на 11 април, 2023 во 12:35

Вчера вечер, околу 21:10 часот, во СВР Велес пријавено било дека во спортската сала „Гемиџии“ во Велес,  по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК „Борец“ од Велес и ОК „Шкендија“ од Тетово се случило нарушување на јавниот ред и мир. Дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутната публика фрлале разни предмети едни кон други.

Со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК „Шкендија“.

„Се работи на расчистување на слуачјот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.