Кои беа најдобрите 11 фудбалери на Светското првенство во Катар?

Објавено на 19 декември, 2022 во 15:05

Светското првенство во Катар заврши со победа на Аргентина, второто место го освои Франција, а бронзениот медал заврши во рацете на хрватската репрезентација.

Во идеалниот тим на Мундијалот во формацијата 4-1-4-1 има играчи од седум земји, а овој избор е составен од „СофаСкор“.

Д. Ливаковиќ (7.33) од Хрватска е на голманската позиција, во одбраната се Д. Блинд (Холандија, 7.34), Х. Мегваер (Англија, 7.34), И. Конате (Франција, 7.32) и Ј. Јурановиќ (Хрватска, 7.13).

Блескаше и Бразилецот Касемиро (7.50) во средниот ред, следуваат К. Мбапе (Франција, 7.61), А. Гризман (Франција, 7.70), К. Гакпо (Холандија, 7.42), Б. Фернандеш (Португалија, 8.38), а најистурен во нападот е Л. Меси (8.27).

Најдобар стрелец на СП 2022 беше Мбапе со осум голови, а еден помалку запиша Меси.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.