Нова победа на одбојкарите на ГOK „Борец“,федерацијата пресече и ќе се преигра натпреварот со ОК „Лирија“

Објавено на 7 ноември, 2021 во 12:43

 Одбојкарите на „Борец“ продолжуваат со одличните настапи во годинешново првенство на првата одбојкарска лига. Одбојкарите со максимален резултат  3:0 на домашен терен ја совладаа екипата на “Универзитет  Гоце Делчев” од Штип. По сетови 25:15,25:18 и 25:15.

Дарко Николов помошен тренер во „Борец“ со следново видување за средбата:

-Одлична игра, добар прием, организацијата на нападите како што треба, блокот на висина на задачата. Едноставно го надигравме противникот, рече Николов.

На овој натпревар за ГОК „Борец“  настапи и новото засилување, украинецот Роман Волков,  универзален играч и ке биде од голема корист на екипата.

Исто така, најновата информациија која стигна од одбојкарската федерација е дека средбата од минатото коло помегу ОК„Лирија“ и ГОК „ Борец“  ќе се преигра. Федерацијата ја прифати жалбата на велешани за украдената победа во Тетово како и забелешките кои се однесуваат на случувањата на паркетот,  несвојствени  во спорт.

Да потсетиме дека одбојкарите на велешки  „Борец“ , миниот викенд, беа вратени од соблекувална и се преигруваа поени, се со цел средбата да ја добие домаќинот.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.