Одбојкарите на ГОК „Борец“, државни прваци во младинска конкуренција

Голем успех постигнаа младите одбојкари на „Борец“ кои се закитија со титулата државен младински првак. На финалниот натпревар кој се одигра во Велес, беа подобри од екипата на Универзитет Гоце Делчев од Штип совладувајки ја со резултат 3:1. По сетови 25:18,25:19,20:25 и 25:22. „Борец“ до финалето беше првопласиран во својата група а потоа во полуфиналето два пати со по 3:0 беше подобар од екипата на „Јанта волеј“ од Скопје.

Последен пат велешани беа државни прваци во оваа конкуренција пред десет години. И тогаш имаа инзворедна генерација слична на сегашната. Оваа година успехот го постигнаа под водство на тренерскиот двоец Деан Стојанов и Дарко Николов.


Деан Стојанов не го криеше задоволството од постигнатото и за Дума.мк изјави.

„Одлична сезона. Беше тешко но успеавме. Имаме перспективен состав. Кристијан Андовски, Филип Јовановски и Антонио Николов се предвидници на генерацијата. Нивните настапи и во сениорскиот состав допринесоа да стекнат искуство кое допринесе да ја освоиме титулата. Честитки до сите играчи, комплетниот погон и луѓето кои го водат клубот. Сите се заслужни за големиот успех.
Лазар Лазаровски
