Освен Талески и Зарате, нови засилувања во велешки ФК „Борец“ уште двајца странски фудбалери

Објавено на 27 јуни, 2021 во 22:07
Ново засилување на ФК „Борец“, Талески и Зарате

Борец продолжува со комплетирање на составот пред престојната сезона. Она што го најавија луѓето кои го водат клубот се остварува. Потпишани се договори со два нови играчи.

Се работи  за Алекс Талески,роден во Австралија, Македонец кој досега има играно во австралиски клубови, во скопски „Вардар“ и во „Плзен“ Словачка. Игра на средината на теренот во везниот ред. Талески  потпиша Договор со ФК „Борец“ на две години.

Вториот играч е Гонзало Иван Зарате кој доаѓа од Аргентина. Зарате е напаѓач за кого се испратени авионските билети и се очекува да допатува во Велес за два дена. Тогаш ќе биде потпишан договор на една година.

 Во меѓу време Управата на ФК „Борец“ води интензивни преговори со уште два играчи од странство. Од нив првиот е напаѓач од Азербеџан додека вториот е одбранбен играч од соседна Србија.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.