Прва фудбалска лига – жени: Дерби без голови во Велес
Објавено на 13 октомври, 2021 во 19:33
Во рамките од второто коло на првата женска фудбалска лига екипите на „Борец“ и „Саса“ од Каменица на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес ги поделија бодевите играјќи 0:0.
Минатосезонскиот првак се покажа како силен противник и најави дека и годинава ќе атакува на титулата.
Кај домашните видлива беше желбата за успех но, ќе треба време за уигрување бидејки составот е заедно неколку месеци, за разлика од гостите кои речиси три сезони играат заедно.
Што се однесува до самиот натпревар се играше цврсто, на средината на теренот, со по неколку шанси кои останаа нереализирани.
Лазар Лазаревски