Роберто Димитиревски од АК „Велес“, петти на планинската трка „Чупино зимски вертикал 2024“

Објавено на 26 февруари, 2024 во 13:44

Околу 130 натпреварувачи атлетичари и планинари од Македонија и од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Унгарија, Полска и Велика Британија,  вчера, трчаа на шестата по ред планинска трка на пет километри „Чупино зимски вертикал 2024“. Трката започнала од центарот на селото Блатец во близина на Виница а целта била на врвот Чупино на планината Плачковица на 1725 метри надморска височина.

Првото место во машка категорија го освоил Александар Спасов од Бугарија со време 45:46, второто место го поделиле македонските атлетичари и планинари  Златко Карчески и Златко Николов со време 48:31 и трето место му припаднало на македонскиот  атлетичар и планинар Никола Илиевски со време  51:19. Четвртти до целта пристигнал Никола Илиевски со време 51:19, додека петти велешанецот Роберто Димитриевски од АК „Велес“ со време 54:07.

Според атлетичарите планинарската патеката по која се трчале нагоре била стрмна во поголем дел со снег до колена а на половина од стазата и многу густа магла.

Фото: За време на трката велешанка Кате трчала заедно со своето домашно милениче куче

Кај жените сите три места им припаднале на македонските атлетичари и планинари. Вера Урдаревска со време 1:06:18 го освоила првото место,втора пристигнала Марија Пеликон со време 1:06:32,а трета Ангела Величкова со време 1:15:15. Четвртта била Ибадете Вокри со време 1:16:23 а петта Рени Валканова со време 1:16:45.

Кај ветерани жени само првото место го освоила бугарката Добромира Јанева а останатите најдобри  биле македонските планинари – втора  Валентина Узунова, а трета Лидија Арсовска. Кај мажите ветерани прв бил Дејан Новковски, втор Душко Кантарџиев и трет Благоја Ацковски.

Планинарењето, дружењето на чист воздух во планина се целта на организаторот, здружението „Чупино Траил“ коишто шест години по ред со поддршка од Општина Виница и спонзори го организираат овој настан

-Секоја година имаме се поголем број на учесници што посебно не радува. Стартот започна   на 700 метри надморска височина во селото Блатец, а учесниците се искачуваат со висинска разлика од  1030 метри надморска височина на врвот Чупино кој е на 1725 метри надморска височина. На учесниците освен желба  потребен им е  и  добар тренинг за издржливост и добра кондиција  за  да се искачи напорната патека по стрмен терен и снег до колена во поголемиот  дел, а уште потешко е враќањето назад удолу по стрмен и лизгав терен со снег, вели Дарко Атанасов од здружението „Чупино Траил“.

На самиот крај, сите учесници добиле и бесплатна Вегетаријанска чорба којашто петта година по ред на оваа зимска трка ја подготвувал Борче Пешов.

Гостите како и домаќините во селото Блатец  ги забавувале групите The Hounds  и Mod –heads.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.