Роберто Димитиревски од АК „Велес“, петти на планинската трка „Чупино зимски вертикал 2024“
Околу 130 натпреварувачи атлетичари и планинари од Македонија и од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Унгарија, Полска и Велика Британија, вчера, трчаа на шестата по ред планинска трка на пет километри „Чупино зимски вертикал 2024“. Трката започнала од центарот на селото Блатец во близина на Виница а целта била на врвот Чупино на планината Плачковица на 1725 метри надморска височина.
Првото место во машка категорија го освоил Александар Спасов од Бугарија со време 45:46, второто место го поделиле македонските атлетичари и планинари Златко Карчески и Златко Николов со време 48:31 и трето место му припаднало на македонскиот атлетичар и планинар Никола Илиевски со време 51:19. Четвртти до целта пристигнал Никола Илиевски со време 51:19, додека петти велешанецот Роберто Димитриевски од АК „Велес“ со време 54:07.
Според атлетичарите планинарската патеката по која се трчале нагоре била стрмна во поголем дел со снег до колена а на половина од стазата и многу густа магла.
Кај жените сите три места им припаднале на македонските атлетичари и планинари. Вера Урдаревска со време 1:06:18 го освоила првото место,втора пристигнала Марија Пеликон со време 1:06:32,а трета Ангела Величкова со време 1:15:15. Четвртта била Ибадете Вокри со време 1:16:23 а петта Рени Валканова со време 1:16:45.
Кај ветерани жени само првото место го освоила бугарката Добромира Јанева а останатите најдобри биле македонските планинари – втора Валентина Узунова, а трета Лидија Арсовска. Кај мажите ветерани прв бил Дејан Новковски, втор Душко Кантарџиев и трет Благоја Ацковски.
Планинарењето, дружењето на чист воздух во планина се целта на организаторот, здружението „Чупино Траил“ коишто шест години по ред со поддршка од Општина Виница и спонзори го организираат овој настан
-Секоја година имаме се поголем број на учесници што посебно не радува. Стартот започна на 700 метри надморска височина во селото Блатец, а учесниците се искачуваат со висинска разлика од 1030 метри надморска височина на врвот Чупино кој е на 1725 метри надморска височина. На учесниците освен желба потребен им е и добар тренинг за издржливост и добра кондиција за да се искачи напорната патека по стрмен терен и снег до колена во поголемиот дел, а уште потешко е враќањето назад удолу по стрмен и лизгав терен со снег, вели Дарко Атанасов од здружението „Чупино Траил“.
На самиот крај, сите учесници добиле и бесплатна Вегетаријанска чорба којашто петта година по ред на оваа зимска трка ја подготвувал Борче Пешов.
Гостите како и домаќините во селото Блатец ги забавувале групите The Hounds и Mod –heads.
Стефани Манева