Тежок пораз на ракометарите на „Борец“

Во рамките на третото коло од плеј аутот на првата ракометна лига играчите на „Борец“ го одиграа налошиот натпревар сезонава. Велешките ракометари на домашен терен изгубија од екипата на РК „Металург РА“ со резултат 21: 35. Од самиот почеток на средбата гостите од Скопје создадоа предност која ја зголемуваа како минеше натпреварот.
За разлика од нив домаќините како да се натпреваруваа кој повеке ќе згреши. Ништо не им одеше од рака и се виде дека нема да бидат рамноправни на средбата. Споредбено со редовниот дел на првенството недостасуваа неколку играчи но тоа не може да биде оправдување.

Тренерот Тодоровски кога виде во која насока оди натпреварот им даде шанса на сите играчи од клупата. Голем број од нив се сеуште младинци и не беа во можност да бидат рамноправни. Дали ова беше лошо издание или голем пад во играта и формата ќе покажат следните натпревари.
Лазар Лазаровски
