Успешна сезона на одбојкарите на ГOK „Борец“

Објавено на 5 мај, 2022 во 14:49
Фото: ГОК „Борец“ кадети

Кадетите на ГОК „Борец“ со две победи обезбедија финале во годинешново државно првенство. Тие беа подобри во полуфиналната пресметка со екипата на „Јанта волеј“   која во Скопје ја совладаа со 3:0 а во Велес  3:1. За  титулата ќе се борат со екипата на ОК „Струмица“.  Ќе се игра една средба. ОК„Струмица“ домаќин е на финалниот турнир. Во борба за третото место ќе се сретнат екипите на „Пробиштип“ и „Јанта волеј“.

Весна Николова председателката на велешкиот градски одбојкарски клуб задоволна е од играта на клубот во сезоната. Николовска за Дума.мк изјави:

Фото: Весна Николова

“Обезбедивме финале, ќе се бориме за титулата. Младинската екипа е државен првак, сениорите се шести. Следи завршницата од државното пионерско првенство. Првата средба од полуфиналето ја добивме со 1:3. Ја совладавме екипата на  „Македонија Џио“ во гости, во Струмица. Вториот натпревар е за десетина дена во Велес. Се надеваме на уште едно финале. Почестени сме со повикувањето на нашите млади одбојкари  Кристијан Андовски, среден блокер и Оливер Куновски примач, на собирот на А државната селекција во Маврово.Тие се најдоа на поширокиот список на селекторот и за нив е големо признание за покажаното во сезоната,“ додаде Николова.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.